Приходите од продажба на Факом за три месеци намалени за 59%

13

Фото: Pixabay

Приходите од продажба, во текот на првиот квартал од оваа година во однос на лани, се намалени за 59%. Од нив, приходите на домашен пазар се намалени за 34%, а приходите остварени на странски пазар се намалени за 64%. Сето ова, како што се наведува во Образложението кон тримесечниот биланс на успех објавен на Македонска берза, е резултат на намалениот обем на работа за овој период.

Вкупните приходи од продажба на крајот на март оваа година, изнесуваа 222.678.000 денари. Од нив, на домашен пазар се реализирани 62.038.000 денари, додека поголемиот дел од 160.640.000 денари е реализиран на пазари во странство.

Вкупната сеопфатна добивка, заклучно 31-ви март оваа година, достигна 398.000 денари, додека истиот период лани беше на ниво од 30.544.000 денари.