Пријави за прекувремена, ноќна и работа на празници по електронски пат

32

g_raka-na-laptoprvyrtehitkyiohnjkuykmiuОтсега работодавачите не мораат да одат до подрачната единица на Државниот инспекторат за труд и да доставуваат писмена пријава за прекувремена, ноќна и работа на празници. Сето тоа сега ќе се извршува по електронски пат.

“Ова подразбираше сложена административна процедура и трошоци за компаниите, поради што одлучивме да воспоставиме електронски ситем за пријава. На посочената адреса ќе можат да се испраќаат унифицирани пријави, кои работодавачите ќе можат да ги најдат на интернет страниците на Министерството за труд и социјална политика и на Државниот инспекторат за труд. Пријавата треба да биде испечатена, пополнета со потребните податоци, со потпис и печат на правниот субјект и скенирана да биде испратена до Инспекторатот за труд”, рече на денешната прес-конференција министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски.

Министерот додаде дека целта на ова електронско пријавување, покрај административно олеснување, е и овозможување поголема сигурност во остварувањето на правата на работниците, но и овозможување поголема ефикасност во работата на инспекцијата на трудот.

Претседателите на Сојузот на синдикати на Македонија и на Конфедерацијата на слободни синдикати Живко Митревски и Мирјана Андреска сметаат дека со ова ќе се обезбеди зголемување на вредноста на трудот на работникот, но и ќе обезбеди поголема транспарентност и контрола на остварувањето на правата на работниците.

Исто така претседателот на Организацијата на работодавачи на Македонија Ангел Димитров рече дека се задоволни од оваа мерка пред се поради тоа што, таа е одговор на нивните забелешки за неможноста во одредени случаи да се отиде лично во Инспекторатот.