Пријавувањето е во тек: Подготвителен курс за здобивање со PMP® сертификат

57

pmp-580x322-580x322

Project Management Professional® е меѓународен сертификат за професионални проектни менаџери кој го издава Project Management Institute® од САД.

Професионалниот курс за управување со проекти е единствен подготвителен курс во Македонија кој се спроведува според критериумите и правилата на Project Management Institute® од САД, кој има 25-годишно искуство во сертификација на професионални проектни менаџери. Курсот е воден од PMP сертифициран инструктор и обезбедува продлабочено знаење кое овозможува лесно полагање на тестот после кој успешните кандидати се здобиваат со РМР сертификат.

Курсот е наменет за професионалци од сите индустрии и дејности кои работат во областа на управување со проекти и сакаат да се подготват за добивање на престижниот РМР сертификат. Учесниците на курсот ќе го надградат своето знаење во проектен менаџмент според соодветна литература издадена од Project Management Institute® што ќе придонесе кон подобрување на капацитетите и самодовербата со цел совладување на предизвиците на модерното управување со проекти.

Обуката е распределена во 11 сесии коишто ќе се одржат во период од три последователни викенди со дополнителен термин за симулација на испитот.

Цената е 465 евра, а за студенти 315 евра (+ДДВ). Краен рок за пријавување е 22.09.2016 година.

Контакт за пријавување:

kontakt ana