Приказна за двајцата татковци и парите која нема да ја слушнете на училиште

342

Една од причините што богатите стануваат се побогати, сиромашните се посиромашни, а средната класа тоне во долгови, е тоа што парите како предмет се изучуваат дома, а не на училиште. Повеќето од нас учат за парите од родителите.

А што може сиромав родител да му каже на своето дете за парите? Таквите луѓе едноставно велат:

„Држете се до училиштето и “убијте” се учејќи!

Детето можеби ќе дипломира со најдобри оценки, но со ментална структура и финансиска програма на сиромашен човек. Така учеше едно дете додека беше многу мало“, пишува Роберт Киосаки, инвеститор, американски финансиски гуру, автор на преку 25 книги со милионски тиражи (Богат татко, сиромашен татко, Парични текови, Богато дете, паметно дете).

Во споменатата книга „Богат татко сиромав татко“, Киосаки започнува со приказна за неговите двајца татковци, богат и сиромашен и нивниот однос кон животот, парите и успехот. Заедничко за татковците е тоа што имале исклучително успешни кариери и работеле напорно цел живот. И двајцата стекнале значително богатство.

Киосаки пишува: „Учев од двајцата бидејќи имав двајца влијателни татковци. Морав да размислувам за советите на двајцата и стекнав драгоцено знаење за моќта и ефектот, што мислите на една личност имаат врз неговиот живот“.

Еве како размислувале неговите татковци, богатиот и сиромашниот:

Богатиот: Како можам да си го дозволам тоа?

Сиромашниот: Не можам да си го дозволам тоа.

Богатиот : Немањето пари е коренот на секое зло.

Сиромашниот: Љубовта кон парите е коренот на секое зло.

Богатиот: Богатите треба да плаќаат повисоки даноци и на тој начин да им помогнат на оние кои имале помалку среќа.

Сиромашниот: Даноците се казна за продуктивните и награда за непродуктивните.

Богатиот: Учи напорно, за еден ден да најдеш добра компанија и да ја купиш.

Сиромашниот: Учи напорно, за еден ден да најдеш добра компанија за која ќе работиш.

Богатиот: Морам да бидам богат, деца, затоа што ве имам вас.

Сиромашниот: Не сум богат, деца, затоа што ве имам вас.

Богатиот: Научи да го контролираш ризикот.

Сиромашниот: Кога се во прашање парите, играјте на сигурно, не ризикувајте.

Богатиот: Морам да инвестирам.

Сиромашниот: Морам да штедам.

Богатиот: Не работам за пари. Парите работат за мене.

Сиромашниот: Работам за пари.

Богатиот: Парите се моќ.

Сиромашниот: Научи како да напишеш импресивно резиме за да можеш да најдеш добра работа.

Богатиот: Човекот мора да биде целосно финансиски самостоен.

Сиромашниот: Фирмата и државата ќе се грижат за мене.

„Мојот сиромав татко не беше сиромашен поради сумата на пари која ја заработуваше, а која беше значајна, туку поради неговите мисли и постапки. Како дете, имајќи двајца татковци, станав свесен дека морам да внимавам кои мисли ги прифаќам како свои“, напиша Киосаки.

Кој да се слуша? Едниот или другиот татко?

Иако и двајцата сметале дека образованието и учењето се многу важни, тие не го делат мислењето за тоа што е важно да се научи. „Еден од мене побара диплома, да најдам добра работа за да заработувам пари. Другиот ме охрабри да научам како да се збогатам, да разберам како функционираат парите и да направам парите да работат за мене“, сумирал тогаш деветгодишниот Киосаки и решил да научи за парите од својот богат татко, иако сиромавиот татко бил тој што имал факултетска диплома.