Приоритет на Alibaba е проширување во Европа

21

Европа ќе биде приоритет на Alibaba во проширувањето во странство, изјави во четвртокот претседателот на кинеската група за е-трговија, Џон Мајкл Еванс.
„Во иднина ќе се фокусираме повеќе на градење локални компании, така што она што го нарекуваме TMall во Кина ќе стане TMall во Европа, што значи дека ќе им служиме на локалните брендови и локални клиенти на локалните пазари“, рече Еванс на технолошка конференција во Париз.

„Почнавме со пилот проект во Шпанија кој ќе го прошириме низ цела Европа“, додаде тој.

Taobao и TMall на Alibaba во моментов се доминантни платформи за дигитална трговија во Кина.

Фото: Facebook