Природните катастрофи ја чинеа економијата 130 милијарди долари во 2013

21

poplaviПриродните катастрофи и катастрофите што ги предизвикал човекот годинава предизвикаа економски загуби во вредност од околу 130 милијарди долари и однесоа 25.000 човечки животи, објави осигурителот Swiss Re.

Во 2012 година, животот во катастрофи го загубиле 14.000 луѓе, а економската загуба била 196 милијарди долари.

Осигураните загуби годинава се проценети на околу 44 милијарди долари, што значи дека се значително пониски отколку минатата година, кога изнесувале 81 милијарда долари.

Најсмртоносен бил тајфунот Хаијан, кој во ноември ги погоди Филипини и усмрти преку 7.000 луѓе.

Најголеми економски загуби, од вкупно 18 милијарди долари, предизвикаа поплавите кои во јуни ги погодија Германија, Чешка и соседните земји. Во Swiss Re осигураните загуби ги проценуваат на четири милијарди долари. Овие поплави се на второто место на скалата “најскапи” слатководни поплави во историјата. На второ место по економски загуби е невремето проследено со град наречено Андреа, кое во јули ги погоди Германија и Франција, предизвикувајќи штети од 3,8 милијарди долари.