Природните катастрофи во 2020 година предизвикаа штета од 210 милијарди долари

43

Германската осигурителна компанија Munich Re соопшти дека природните катастрофи мината година предизвикале штета од 210 милијарди долари ширум светот.

Најголема штета од природните непогоди е предизвикана во САД.

Сумата е поголема за 25% во споредба со 2019 година. Осигурителните загуби бележат раст од 44% односно 82 милијарди долари.

Сезоната на урагани во 2020 година беше “хиперактивна“ со рекордни 30 бури. Досега рекордна година беше 2005 година, кога имаше 28 урагани.

Топлотните бранови и сушата, што предизвикуваат шумски пожари минатата година во западниот дел на САД предизвикаа штета од 16 милијарди долари.

Поединечни настани што предизвикаа најголема штета од 17 милијарди долари, беа поплавите во Кина, но осигурани биле само 2% од тој износ, се наведува во соопштението на Munich Re.

Претставникот на германската осигурителна компанија Торстен Јеворек истакна дека “климатските промени имаат се поважна улога во сите тие ризици“, укажувајќи на ураганите, шумските пожари и другите временски непогоди.

Фото: Pixabay