Скопскиот градоначалник Коце Трајановски, поднесе предлог-закон за присилна наплата на данокот на имот за физичките лица, без да се наплаќа камата за заостанат долг.
„При присилната наплата на неплатен даночен долг на даночни обврзници – физички лица, по основа на данок на имот за 2008, 2009, 2010, 2011 и за 2012 година ќе се врши само наплата на главниот долг, без камата, имајќи ја в предвид материјалната состојба на граѓаните”, се вели во образложението на предлог-одлуката.
Од одделението за односи со јавност на Град Скопје појаснуваат дека присилното наплаќање на данокот на имот ќе се врши исклучиво преку трансакциските сметки на должниците и дека нема да се користи можноста за наплаќање преку даночен извршител. Постапката ќе се одвива постепено, односно на должниците нема да им се земаат сите пари наеднаш.
Градот Скопје, најпрво ќе почне да ги наплаќа опомените од 2008 година.