Присоединување на Жито Леб од Штип кон Макпромет

45

makpromet stip

Компанијата за производство и трговија Макпромет од Штип и компанијата за производство и продажба на пекарски производи Жито Леб од Штип на 13-ти овој месец склучија Спогодба за присоединување на Жито Леб кон Макпромет, стои во известувањето објавено на Македонска берза.

“Договорните страни се согласни Жито Леб Штип ( друштво што се присоединува) со оваа спогодба, односно по нејзиното одобрување од страна на единствениот содружник и нејзиниот упис во трговскиот регистар да се присоедини кон Макпромет од Штип (друштво што презема), односно по нејзиното одобрување од страна на единствениот содружник, пренесувајќи го целокупниот имот односно: актива, пасива и основачки капитал“, стои во известувањето.