Пристигна комплетно новиот Sandero Stepway

83

Комплетно новиот Sandero Stepway е веќе изложен во официјалниот салон на брендот.

Кога станува збор за промовирање на ‘паметно инвестирање’ и разумна форма на потрошувачка брендот Dacia e предводник и усогласена со реалните очекувања на своите клиенти. Нуди едноставни, пространи, безбедни и робусни возила по најдобра цена на пазарот.

Брендот ја обнови својата понуда со нов градски автомобил кој го олицетворува ДНК – то на DACIA, а тоа е комплетно новиот Dacia Sandero Stepway- авантуристичката верзија на Sandero која  претставува 65% од целата продажба на моделот со продадени повеќе од 1,3 милиони автомобили во Европа.

ПОВЕЌЕ НАГЛАСЕН ДИЗАЈН ЗА АВАНТУРИСТИЧКИ ИЗГЛЕД

Подигнато растојание од земјата, Sandero Stepway е разноврсен авантурист во  семејството на Dacia. Уникатниот ентериер и моќниот надворешен дизајн се смела изјава за бегство и авантура. Зголемената диференцијација  го  издвојува од потполно новиот Sandero и ја зајакнува репутацијата на кросовер во ДНК-та на новиот Sandero Stepway.

Мускулно развиен надворешен дизајн

Потполно новиот Sandero Stepway е веднаш препознатлив по предниот дел,  уникатниот преден дел, хромираното лого на Stepway под предната решетка и заоблените браници над светлата за магла. Предните и задните браници вклучуваат метална лизгачка плоча во боја на каросеријата, дизајнирана да ја заштитува оригиналната боја од секојдневните гребнатини.

Карактеристики на моќен кросовер

Потполно новиот Sandero Stepway се карактеризира со основни дизајнерски елементи на  кросоверите – подигнато растојание од земја од 174 mm (пораст од 41 mm во споредба со Sandero, пред се од поголем дијаметар на пневматиците), држачи на кровот со  испис на логото, специјално текстурирано и армирано дно на вратите.

Flex фелни

Стандардните верзии се опремени со 16-инчни flex фелни чии што прецизно дизајнирани облоги ги реплицираат оние на „вистинските“ алуминиумски тркала, како опција се достапни и ексклузивните фелни со дијамантски пресек од 16-инчи на верзијата Stepway, со цел да го подобри изгледот на кросоверот.

Mодуларни кровни држачи

Кровните држачи на Sandero Stepway  се доста визуелно привлечни, но исто така се и прилагодливи. Со користење на клуч кој е сместен во совозачката фиока, тие можат лесно да се расклопат за само неколку секунди и да се претворат во држач за кровот со носивост од 80 килограми, што е исто како и стандардните кровни држачи. Овој софистициран и патентиран систем е пример за сè што Dacia застапува: паметни, практични, едноставни и безбедни системи.

Уникатен внатрешен дизајн

Навлаката во ентериерот е со логото Stepway, додека панелите на вратите како и инструменталната таблата има портокалови шевови и вметнати украсни детали.