Private Vegas – книга што чини 294.038 долари и исчезнува за 24 часа

23

private vegas

Private Vegas е најновата книга на авторот Џејмс Патерсон. Книгата може да се купи по цена од “само“ 294.038 долари, додека дигиталното издание на книгата исчезнува во рок од 24 часа, пишува New York Times.

Зад оваа необична промоција на книгата стои креативниот тим на маркетинг агенцијата од Њујорк – Mother New York, а се состои од два дела. Првиот дел е дигитална книга издадена преку веб апликација, каде 1.000 читатели со тајни кодови само еден ден ќе водат битка со времето.

Доколку некој сака да го прочита печатеното издание на книгата, тоа задоволство ќе го имаат по цена 294.038 долари. Во овој износ е вклучено и патување со приватен авион на непознато луксузно место, престој во скап хотел, вечера со авторот Џејмс Патерсон и златен двоглед. На крајот од патувањето, бомбата ќе експлодира, а тим од експерти ќе бидат задолжени да го следат тоа.