Привремен сообраќаен режим на мостот Тодор Александров

20

zabrana-pixabay

Фото: Pixabay

Градот Скопје ги известува граѓаните дека во текот на утрешниот ден (01.06.2013 година, сабота), едната коловозна лента на мостот Тодор Александров (поранешниот мост Близнак) ќе биде затворена за сообраќај, поради изведување градежни работи за санација на дел од дилатационата фуга на мостот.

На мостот во текот на утрешниот ден ќе биде воведен привремен сообраќаен режим и ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да се придржуваат на поставените сообраќајни знаци и да ја приспособат брзината на движење на условите на патот.