Привремно запрени возовите од Скопје кон Битола и Кичево

14

Поради лошите временски услови и ниските температури од денес привремено ќе бидат укинати возовите со број 541/540 на релација Скопје – Битола – Скопје и 660/663 на релација Скопје – Кичево-Скопје.

Како што соопшти Македонски железници ранспорт АД – Скопје, споменатите двата воза нема да сообраќаат се додека не се стекнат услови за нивно повторно воведување во редовниот железнички сообраќај.