Продаде старт – ап за 550 милиони долари, а сега освојува со нова идеја

215

Само што наполни 30 години, младиот претприемач Бил Смит успеа да го продаде својот старт – ап за 550 милиони долари. Сега собира средства за својата следна голема идеја.

Kога претприемачот Бил Смит се преселил во Сан Франциско да работи и да ја развива компанијата Shipt, којашто се занимавала со испорака на намирници, открил дека најтежок дел од работата е домувањето. Поточно, пронаоѓање на стан за своето семејство и преселба на целиот имот.

“Едноставно, сфатив дека нема смисла да ги поседувам сите тие парчиња мебел и сите пари да ги заробам во предмети“, велел Смит.

Набрзо, Shipt го продава на Target за 550 милиони долари, а токму новиот старт – ап Landing го почна кога се преселил и станал фрустриран околу најмувањето на дом за живеење. Компанијата сега наплатува и годишна членарина.

Смит толку верувал во својот старт – ап што вложил 15 милиони долари за да го започне од почеток. Landing нуди луксузен мебел, кујна и услуги од рецепција.

“Гледаме кон градови во кои луѓето се зафатени, многу работат, а сакаат таму да живеат. Наш план е да покренеме проект во 30 градови до крајот на годината“, вели Смит.

Фото: Pexels