Продава шест крузери бидејќи има загуба од над четири милијарди долари

Компанијата за организација на прекуокеански патувања, Carnival Corporation планира да продаде шест крузери откако во вториот квартал од оваа година оствари загуба од над четири милијарди долари, предизвикана од пандемијата на коронавирусот, пишува The Guardian.

Оваа загуба, како што се наведува, само ја “забрза“ планираната продажба на крузерите. Најголемиот оператор на крузери во светот забележа огромен пад на приходите од околу 85%.

Сите патувања беа суспендирани на средината на март оваа година, откако беше забележано ширење на заразата на повеќе бродови.

Иако компанијата им даде можност на своите клиенти да ги одложат резервациите за подоцна, сепак скоро пола од нив побарале да им бидат вратени парите. Во исто време, одржувањето на бродовите и подмирување на трошоците за вработени, ја чинеа компанијата 250 милиони долари месечно.

Фото: Freepik