Продаваат “авиони“ за 1.500 евра

128

Стечајниот управник на пропаднатата авиокомпанија Adria Airways стави на продажба 20 макети авиони.

На продажба се ставени со намера да собере средства за покривање на повеќе од 87 милиони евра побарувања од авиокомпанијата.

Макети на авионот Adria Airways Bombardier CRJ900 со големина 1/50-120 cm се продаваат како дел од уникатен пакет со почетна цена од 1.500 евра. Крајниот рок за доставување на понудите е 17 август, а оние што учествуваат на тендерот мораат да платат депозит од 150 евра, пишува Ex-Yu Aviation. Стечајниот управник управникот  веќе се обидуваше да ги продаде средствата на пропаднатата авиокомпанија: име на марка, униформи на екипажот, па дури и перници.

Фото: Pixabay