Продаваат вили со базени во Далмација бидејќи не можат да исплатат кредити

287

Пандемијата предизвикана од коронавирусот, меѓу другото, остави големи последици и врз пазарот на недвижнини. Според Слободна Далмација, на подрачјето на Макарска и околината, понудата на недвижнини е поголема од побарувачката.

Во последно време, расте бројот на огласени вили со базени, чии сопственици сакаат да ги продадат за да можат да ги отплатат кредитите што ги земале од банките за нивна изградба. Како втора причина за продажбата се наведува и тоа што покрај вилите се изградени многу станови, па гостите не можат да уживаат во својата приватност.

Исто така, некои од сопствениците на вили со базени немаат други приходи освен изнајмување, а сезоната е ставена под знак прашање, бидејќи могу од вилите останаа празни.

“Такви вили со базени се продаваат за 500.000 до 600.000 евра, што зависи од квадратурата, а најчесто станува збор за куќи од околу 200 метри квадратни. Што се однесува до побарувачката, на прво место и понатаму се станови и тоа само во оние згради под магистралата, чија цена по квадрат е од 1.800 до 2.000 евра. Купувачите сакаат стан што е близу до центарот и со поглед на мора и тоа за околу 100.000 евра“, вели Леа Борас, агент за недвижнини.

На второ место кога е во прашање побарувачката се старите куќи во тој дел од Јадранот.

Фото: Freepik