Продажбата на автомобили во Европа на 10-годишен максимум

22

Регистрацијата на патнички автомобили во Европа забележа пораст од 8,6% во октомври, што е највисоко ниво од 2009 година, покажуваат податоците на Европското здружение на автомобилски компании.

Најголем удел во порастот има побарувачката за автомобили во Германија (12,7%) и Франција (8,7%). Од друга страна, во Велика Британија се забележува пад на регистрирани возила за 6,7%.

Минатата година, автомобилските производители се соочија со нова уредба поврзана со загадување на воздухот, што стапи на сила од први септември 2018 година.

Фото: Pixabay