Продажбата на електрични возила во светот лани зголемена за 43%

47

Минатата година, продажбата на електрични возила на меѓународно ниво се зголеми за 43%. Најдалеку во набавката на електрични автомобили отиде Норвешка, каде учеството на тие возила во продажбата на нови автомобили во 2020 година беше 54,3%.

Граѓаните на богатите скандинавски земји имаат најголем напредок во купувањето, но предвидувањата се дека наскоро електричните возила ќе станат достапни на граѓаните од  другите земји без вообичаените даночни олеснувања и субвенции воведени од владите ширум светот.

Норвешка разви национална стратегија за целосно искоренување на продажбата на бензински и дизел автомобили како нови возила во земјата најдоцна до 2025 година.

Фото: Freepik