Продолжен рокот за доставување барања за ИПАРД средства до 21 јули

22

ipard

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги известува сите заинтересирани за поднесување барања за користење на средства од ИПАРД Програмата 2014 – 2020 дека рокот за нивно доставување се продолжува до 21 јули 2017 година.

Останатите делови од јавниот повик објавен на 24.04.2017 година остануваат непроменети и неговата целосна содржина може да се најде на веб-адресата на Агенцијата: www.ipardpa.gov.mk.

Продолжувањето на рокот за доставување на барањата е со цел да се излезе во пресрет на барањата од потенцијалните корисници за подготовка на квалитетни апликации, стои во соопштението објавено на страната.