Продолжен рокот за одобрување за увезените камиони со ЕУРО 3

15

Министерството за економија објави сопштение во кое се вели дека увезените камиони со ЕУРО 3 стандардот кои влегле во Македонија до 30 јуни, ќе добијат дополнителни 30 дена за да ја завршат постапката на одобрување.

“Со цел да се излезе во пресрет на барањата на увозниците – сопственици на половни товарни возила (камиони), кои го исполнуваат ЕУРО 3 стандардот, но од различни причини не отпочнале постапка, односно не поднеле барање за одобрување на возило до органот за одобрување – Бирото за метрологија, во периодот до 30 јуни 2013 година, со дополнување на Правилникот за единечно одобрување на возило, рокот е продолжен за 30 дена”, се вели во соопштението.

Причината за ова била информацијата за значителен број товарни возила, кои го исполнуваат ЕУРО 3 стандардот и за кои веќе се платени царинските давачки и поседуваат царински декларации, а влегле во Република Македонија до 30 јуни 2013 година.