Продолжен рокот за пријавување за CEED Global претприемач на годината

26

ceed-baner-660x249

Глобалниот центар за развој на претприемачи и менаџери, CEED Global, го продолжи рокот за пријавување на конкурсот за избор на CEED претприемач на годината до 30-ти септември. Победникот на наградата CEED Global претприемач на годината ќе добие 20.000 долари, плус можност да помине еден ден со реномирани претприемачи од интернационалната мрежа на CEED, како што се Џеф Хофман, основач на Priceline.com и Сет Голдман, основач и извршен директор на Honest Tea. Финалистите од секоја земја каде што е присутен CEED ќе добијат признанија на CEED Global конференцијата што ќе се одржи од 22 до 24 октомври во Казабланка, Мароко.

Апликацијата може да се пополни на страната на CEED Global. Критериумите за аплицирање се следните:

Можат да аплицираат сите актуелни CEED претприемачи и CEED алумни. Компаниите мора да се основани подолго од три години во моментот на пријавувањето. Претприемачот може да поднесе една пријава за една компанија. Доколку претприемачот сака да пријави две компании, треба да поднесе две различни пријави, за секоја компанија посебно. Мора да се пополнат сите означени полиња и да се одговорат сите прашања во апликацијата. Во спротивно, апликацијата може да биде отфрлена. Нема да се прифаќаат апликации поднесени по изминувањето на рокот за пријавување. Сите пријави се сметаат за конечни и не може да бидат изменети.

На конкурсот можат да се пријавуваат и претприемачи од CEED Македонија.

CEED Македонија е дел од меѓународна мрежа на претприемачки центри кои освен во Македонија, функционираат и во Србија, Бугарија, Косово, Албанија, Словенија, Романија, Црна Гора, Полска, Босна и Херцеговина, Ерменија, Молдавија, Бангладеш, Тунис, Мароко, САД. До сега, на глобално ниво во програмите на CEED учествувале 21.000 претприемачи и бизнис поддржувачи. CEED има инвестирано седум милиони долари за претприемачите во мрежата, има 500 активни членови и 1.100 остварени менторски средби во целиот свет.

За повеќе информации обратете се кај CEED Club координаторот Биљана Рамљак, bramljak@ceed-macedonia.org или на телефон 02 3079 611, 076 496 616.