Продолжен рокот за задолжителна котација на Македонска берза

33

Комисијата за хартии од вредност (КХВ) го разгледа и прашањето за задолжителна котација и заклучи да поднесе иницијатива до Министерството за финансии за продолжување на рокот на нејзината примена.

КХВ, како што се наведува, смета дека иако неспецифична мерка за многу пазари на капитал, кај нас покажува резултати и дава големи придобивки за транспарентноста на пазарот, па оттаму во оваа фаза од развојот на пазарот задолжителната котација треба да продолжи,  со напомена дека како Република Северна Македонија ќе се приближува кон влез во Европската Унија, така треба да се размислува за напуштање на тој концепт,  без тоа да биде на штета на транспарентноста на пазарот на хартии од вредност.

Фото: Pixabay