Продолжен викенд е лек за сè

58

Продолжениот викенд е сон на сите вработени, бидејќи сите мислиме дека викендите не се доволни и ни треба уште еден ден одмор. Така неделата станува стресен ден, а викендот е време кога сме зафатени, бидејќи брзаме да ги завршиме сите обврски од почетокот на работната недела.

Експертите велат дека три дена одмор може да бидат многу корисни за ослободување од стресот. Третиот ден значи дека имате уште едно утро за одмор или ден да не правите ништо.

Според зборовите на научникот, Никет Сонпал можноста да спиеме повеќе е можност за полнење на батериите. Кога сте на подолг одмор веројатно нема да ви биде важно квалитетно да спиете, но три дена одмор ќе ве натера да бидете економични и да го цените спиењето.

“Сонот има фундаментална улога во начинот на кој телото ги обработува информациите, на стабилност на расположението и на тоа како нашите неуротрансмитери работат“, објаснува Сонпал.

Научници од Универзитетот Groningen од Холандија откриваат дека недостатокот на сон може да поремети еден од рецепторите во нашиот мозок којшто е одговорен за ублажување на депресија и анксиозност.

Може е тешко да се увиди вредноста во еден дополнителен ден, особено ако имате огромен дефицит на сон или високо ниво на стрес. Но, лекарите и психолозите се согласни дека краткото време посветено на опуштање може да биде од голема корист да воспоставите подобар сон и ментално здравје.

Фото: Pixabay