Продолжува економскиот раст на Кина

61

Се очекува надворешната трговија на Кина, што се покажа во добро светло во услови на пандемија, дополнително ќе се стабилизира оваа година, анализира Ројтерс.

Цитирајќи неколку економски експерти, британската новинска агенција прогнозира дека надворешната трговија ќе продолжи да се стабилизира благодарение на брзото закрепнување од пандемијата.

Надворешнотрговската размена на Кина за 11 месеци од 2020 година изнесува околу 4,45 билиони долари, што е за 1,8% повеќе во однос на истиот период претходната година.

Перспективите за вкупната надворешна трговија на Кина е внимателно оптимистична, под услов пандемијата да остане под контрола во текот на година.

Глобално гледано, позицијата на Кина би била како “прва земја што помина низ глобалниот стрес тест на пандемијата“.

Фото: Freepik