Продолжува хуманитарната акција на Рамстор Мол и Борка

19

borka

Кампањата на Рамстор Мол и здружението Борка: Сакаш ли и ти да помогнеш? продолжува и денеска, 18 ноември, со работилници, предавања и хуманитарни акции кои имаат за цел запознавање на јавноста со ракот на дојка, рак на матка и ракот на тестиси.
Во хуманитарната кампања се вклучени и маркетот во трговскиот центар, дел од брендовите кои се нудат во самиот маркет и продавниците во Рамстор Мол, кои по завршувањето на кампањата следниот вторник (25.11), дел од продажбата ќе донираат во хумани цели за здружението Борка.

Голем број на посетители на трговскиот минатиот вторник (11.11.2014) дадоа своја поддршка на кампањата која има за цел зголемување на свесноста за ракот и превентивно и навремено делување.