Проект Business Friendly Certification (Бизнис пријателска сертификација) – Меѓународен печат за квалитет за Бизнис пријателски општини

25

Еднодневна работилница на тема „Стремеж кон регионалната платформа за управување со BFC SЕЕ етикетата”, се одржа во хотелот Интернационал, во Загреб, Р. Хрватска. Со стекнување на сертификатот BFC SEE, значи дека општините ги задоволуваат сите критериуми за забрзување на економскиот развој и создавање поволни услови за водење бизнис и инвестирање. Под ова се подразбира дека тие се бизнис пријателски општини, кои нудат брзи и квалитетни административни услуги за деловната заедница и потенцијалните инвеститори.

На работилницата во Загреб, свој придонес даде секој од националните партнери од земјитe – учеснички, меѓу кои и Сојузот на Стопански Комори на Република Македонија, како еден од македонските партнери во овој проект. Работилница имаше за цел генерирање и усогласување на идеи за активности во новиот проект за поддршка на веќе актуелниот BFC SEE проект, како и постигнување договор за моделот на негова имплементација. Како идеја зад оваа дополнителна BFC SEE мерка е да се вклучат потесно сите актуелни BFC SEE партнери во планирањето и спроведувањето на своите активности. Новиот проект ќе започне оваа есен и на него ќе се работи паралелно во тесна координација со тековниот проект. Во насока на големиот интерес за обезбедување на долгорочна одржливост на BFC SEE и земајќи ги во предвид досегашните резултати од проектот,  ГИЗ – регионалниот фонд за модернизација на општинските услуги во југоисточна Европа (ОРФ-MMС) иницираше активности за да се обезбеди финансирање за продолжување на актуелниот проект, со нов, дополнителен проект кој ќе се фокусира на три главни аспекти: Поддршка на развојот на регионалната BFC  SEE мрежа, поддршка на воспоставувањето на регионалните BFC  SEE тела, поддршка на развојот на националните BFC SEE партнерства во секоја од вклучените земји.

BFC SEE проектот е проект финансиран и поддржан од GIZ-регионален фонд за модернизација на општинските услуги во југоисточна Европа (ОРФ-ММС) и истиот претставува меѓународен печат за квалитет на Бизнис Пријателската Општина. Имено, главната цел на овој проект е ефективна соработка помеѓу општините, цивилниот и приватниот сектор, со цел забрзување на економскиот развој и создавање поволни услови за водење бизнис и инвестирање, преку реализација на бизнис Пријателските Општини и Програмата за сертификација.

Сојузот на Стопански Комори на Република Македонија активно е вклучен од самиот почеток во реализацијата на овој проект, односно од почеток на  2012 година, како партнер заедно со ЗЕЛС.

Проектот официјално стартува на 05.04.2012 г. со потпишувањето на  Меморандумот за соработка на Министерството за економија, Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС), Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) и Агенцијата за странски инвестиции и промоцијата на извозот на РМ. Проектот се спроведува во четирите пилот-општини Штип, Струмица, Велес и Струга.