Проект е-engagement за инволвирање на младите во информатичкото општество

21

Во петок, на 24 октомври, официјално започнува првата фаза од проектот e – engagement, организиран од страна на Младинскиот Сојуз со поддршка на фондацијата е – Македонија.

Проектот ќе опфати циклус од едукативни работилници во четири градови низ Македонија, и тоа: Куманово, Струга, Штип и Кавадарци, со главна цел зајакнување и охрабрување на младите луѓе за користење на дигиталните вештини, нови идеи и алатки кои ќе им овозможат да бидат што повеќе вклучени во решавање на општествените прашања кои влијаат врз нив. Проектот вклучува и една завршна конференција во Прилеп од која треба да излезат заклучоци и препораки директно од младите луѓе.

Проектот има за цел да ги промовира предностите и придобивките од информатичките и комуникациските технологии помеѓу младите луѓе со посебен акцент на агажманот во информатичкото општество. Младите ќе се учат да најдат информации, да формираат мислење, да ги изразат своите сопствени ставови како и да придонесат за позитивни промени во општеството без разлика дали дејствуваат во нивно лично име, преку училиште или преку одредена младинска група.

Водечката сила зад проектот e – engagеment е да се направи позитивна промена во користењето на потенцијалот на новите технологии.

Младински Сојуз заедно со своите партнери ги охрабрува младите да бидат лидери и креатори на иднината, како во граѓанското општество, така и во младинската соработка.