Проектот Белград на вода ќе почне со реализација на крајот на 2014

52

1

Реализацијата на проектот Белград на вода може да започне кон крајот на 2014 година, кога би требало да почне изградбата на голем трговски центар. Со овој проект, главниот град на Србија ќе добие нов изглед, кој ќе му донесе и нови приходи, јавува РТС.

За Белград да се спушти на вода, не се доволни само козметички промени на крајбрежјето, туку треба да се изместат железничката и автобуската станица и да се реши проблемот со земјиштето, на што со години се чека и за што веќе се најдени пари. Во државна сопственост е околу 95% од земјиштето, а останатите 5% ќе се регулираат преку експроприрација, кога проектот ќе биде прогласен за Проект од национално значење, велат од градската управа за РТС.

Претседателот на Привремениот совет на Белград, Синиша Мали, вели дека целиот проект е подготвен по примерот на градови кои имаат слична местоположба како Белград, на река, како Копенхаген, Линц, Манчестер.

Мали вели дека ќе се работи по фази, а првата фаза започнува со изградба на голем трговски центар.

“Проектот може да почне со реализација уште следната година. Се работи за проект кој ќе трае неколку години”, вели Мали.

За проектот, шеикот Мухамед бин Зајед со надлежните договорил инвестиција во вредност од 3,1 милиони евра.

Идејата за промена на тој дел од Белград е стара неколку децении. Планирано е на десниот брег на Сава да се градат хотели, деловна зона, станбени простори и спортски центри, како и шеталишта и паркови.

2

3

4