Проектот Белград на вода можат да го успорат бомби од двете светски војни?

47

bg na voda

За да се реализира проектот Белград на вода, до почетокот на изградбата ќе треба да се сондираат и детектираат сите 1,8 милиони метри квадратни, поради основано сомневање дека на ова подрачје се наоѓаат неексплодирани бомби и гранати од Првата и Втората светска војна, пишува Вечерње новости.

Дел од податоците за локациите од бомбардирањата во 1944 година е познат, додека позициите на бомбите фрлени во Априлската војна 1941 година и за време на Првата светска војна не се познати.

Од таа причина, според Бранислав Јовановиќ, директор на Центарот за разминирање на Република Србија, пред скоро една година почнале првите испитувања на теренот, за на време да се подготви земјиштето за интензивно градење. Јовановиќ не открива дали на споменатото подрачје се пронајдени заостанати гранати и авио – бомби, пишува Новости.