Проектот Мобилен OneStop Кариерен Центар ќе се реализира во 26 општини низ Македонија

28

sl

Фондацијата Голдилокс Стејт во следните 12 месеци ќе го имплементира проектот Мобилен OneStop Кариерен Центар во 26 општини во Република Македонија, со цел да ги зголеми капацитетите на младите и жените и да им помогне да развијат вештини за вработување и самовработување и да придонесе за зголемување на економскиот и бизнис развојот во сите осум плански региони во земјата.

Проектот ќе им помогне на учесниците да стекнат подлабоко познавање на трендовите и пазарните динамики во различни индустрии, постоечки или со потенцијал за развивање во нивните средини, како и кои се вештините што се потребни за успех и од аспект на потенцијален вработен, но и од аспект на потенцијален сопственик на бизнис во соодветната област. Тие ќе научат како да ги употребат нивните актуелни вештини и како да ги унапредат и ќе бидат мотивирани да преземат конкретни чекори за започнување или унапредување на нивните кариери, стои во соопштението.

Реализацијата на проектот ќе се одвива преку локални настани на кои учесниците ќе имаат можност да дознаат информации од прва рака за конкретни индустрии, потребните вештини, како и можноста за развој во тие индустрии. Покрај ова, учесниците ќе имаат можност за индивидуални сесии со кариерни советници, како и со самиот експерт говорник со цел креирање на кариерни планови и продлабочување на знаењата во индустријата. Караванот на Mобилниот OneStop Кариерен Центар ќе помине во градовите: Скопје (28.06.2017), Охрид (21.07.2017), Струга (24.07.2017), Велес (28.08.2017), Кавадарци (30.08.2017), Прилеп, Струмица, Битола, Гевгелија, Кичево, Куманово, Штип, Тетово, Гостивар, Маврово, Крива Паланка, Кочани.

Учеството се пријавува на следниот линк: http://bit.ly/OneStopCareerCenter.

Овој проект ќе се реализира со средства на Фондацијата Голдилокс и Амбасадата на САД во Македонија, во соработка со ЊуМенс Бизнис Акцелераторот.