Фото: Pixabay
Професор по електротехника заедно со своите ученици отворија софтверско програмерска компанија во српскиот град Апатин, пишува РТВ.
“Желбата за напредок, константно учење и повеќекратно пониска цена на трудот на нашите програмери во светот на информатичките технологии обезбедува сигурна работа за фирми кои со квалитет се наметнуваат на домашниот и на странски пазари. Најголем дел од софтверот се извезува, бидејќи има клиенти од целиот сет, иако има работа и кај нас“, вели Милош Свијиќ од Апатин, кој од 15 години се занимава со програмирање.
Тој вели дека на многу проекти работеле заедно и научиле многу од својот професор.
“Кога нашата соработка дојде на одредено ниво, решивме да прејдеме во ‘легални води’, каде повеќе не вреди да се работи на мали, туку отворивме фирма за да работиме на поголеми проекти и да настапи како тим на пазарот“, додава тој.
Според професорот Срѓан Павиќ, брзината и квалитетот на развојот на софтверските производи се пат до доверливи клиенти.
“Ги познавам моите ученици, знам колку се вредни, колку сакаат да учат и имаат волја да се усовршуваат. Сфатив дека се млади, полни со енергија, креативни и талентирани, дека можат многу да придонесат за лично и стручно усовршување во ИТ секторот“, вели професорот.
Овие млади луѓе развија хардверско – софтверски систем за хотелиерство без рецепционери, кој успешно се продава на домашниот пазар и станува конкурентен на странски пазари.