Профитот на New York Times над очекувањата во првиот квартал

94

Медиумската куќа New York Times ги надмина пазарните очекувања со профитот и приходите забележан во првиот квартал на 2020 година. Сепак, поради пандемијата со коронавирусот, ги намали проекциите за идните приходи од реклами.

Нето заработката на New York Times во првиот квартал порасна на 32,9 милиони долари, или 20 центи по акција, од 30,2 милиони долари или 18 центи по акција, колку што беше во првиот квартал од 2019 година, пренесува Market Watch.

Приходите од претплатата скокнаа за 5,4% на 285,4 милиони долари, со што се надоместува падот на приходите од реклами од 15,2%, на 106,1 милиони долари.

Приходите од дигитално рекламирање паднале за 7,9%, а од печатените реклами за 20,9 %.

Компанијата очекува раст на приходите од претплата и во вториот квартал, а од друга страна предвидува пад на приходите од огласување. Акциите на New York Times  од почетокот на годината до петти мај зајакнале за 3,7%.

Фото: Facebook