Профитот на Saudi Aramco “потона“ за 45% во третиот квартал

37

Нето профитот на нафтената компанија Saudi Aramco се намали за 44,6% во третиот квартал од оваа година, во споредба со истиот период лани. Како причина за тоа се наведува намалената побарувачка за нафта и нејзината пониска цена поради пандемијата, пренесува CNBC.

Нето профитот на една од највредните компании во светот е намален на 11,8 милијарди долари.

Државната нафтена компанија има намалени приходи од продажба на сирова нафта. Саудиската компанија во третиот квартал најави исплата на дивиденда од 18,75 милијарди долари, што беше исплатена во претпоследниот квартал за оваа година.

Фото: Freepik