Прогласена пандемија од корона вирусот

227

Светската здравствена организација (СЗО) погласи пандемија на глобално ниво од корона вирусот.

СЗО прогласи пандемија бидејќи корона вирусот, којшто на светските здравствени научници им беше непознат до пред три месеци, брзо се прошири низ светот, заразувајќи над 120.000 лица од скоро сите делови на светот.

“Во изминатите две недели, бројт на случаи надвор од Кина се зголеми за 13 пати, а бројот на земји зафатени со вирусот двојно се зголеми. Во следните денови и недели очекуваме пораст на бројот на заразени, смртни случаи, како и број на погодени земји“, изјави Тедрос Адханом, генерален директор на СЗО.

Според него, освен што постои загриженост поради високото ниво на ширење на вирусот, поголема е загриженоста поради “алармантното ниво на неделување“.

Фото: Pixabay