Прогласени 10-те победнички во изборот Жена на годината 2019

303

Во рамки на конференцијата 200 жени претприемачки, денеска беа прогласени победничките во првиот избор на Жена на годината.

Во онлајн номинирањето учествуваа 569 лица, а дамите со најмногу номинации формираа листа од 50 финалистки во вкупно 10 категории за кои потоа гласаше 10-члено жири составено од претставници на медиуми, компании и стопански комори.

Победнички во категориите се:

Жена на годината – Мила Царовска, министерка за труд и социјална политика;

Жена со трајни вредности – Ангелка Пеева Лаурениќ, Имиџ ПР и Движење за поддршка на креативноста Браво Сине;

Жена менаџер на годината – Викторија Механџиска, Зегин;

Млада жена менаџер на годината – Сања Лукаревска, УЈП;

Странец жена менаџер на годината – Рејчел Галовеј, Амбасадор на Обединетото Кралство во Македонија;

Жена со најголеми достигнувања во културата – Тамара Котевска, режисерка на филмот Медена земја;

Жена со најголеми достигнувања во спортот  – Сара Ристовска, ракомет ;

Жена со најголеми достигнувања за општеството –  Кристина Арнаудова, Проект Среќа;

Жена со најдобар стил – Даниела Колиќ Димовска, LISCA

Инфлуенсерка на годината – Лила Филиповска, ТВ Сител.

Посебна награда од организаторите, за регионален бизнис нетворкинг проект, беше доделен и за Кристина Ерцеговиќ од Хрватска.

Целта на изборот е да им се даде признание на дамите кои со својот професионален и општествен ангажман секојдневно и во континуитет поставуваат високи стандарди на деловно и етичко однесување и остваруваат забележителни резултати.

Организатори на Жена на годината се Маркетинг365 и Касиа Евентс. Поддржувач на изборот беше Сојузот на Стопански Комори на Македонија, а главен покровител на конференцијата беше Пивара Скопје.