Ресторанот Guy Savoy во Париз, заедно со Le Bernardin од Њујорк, RyuGin и Sugalabo од Токио се на врвот на листата најдобри 1.000 ресторани во светот за 2020 година.
Рангирањето го изврши француската агенција за глобално рангирање на ресторани La Liste.
Победниците се избираа преку алгоритам што ги анализира препораките од гостите, критичарите, онлајн мислењата на порталите и кулинарските блогери и посетителите од над 20.000 ресторани.
На листата се одвоени ресторани од целиот свет. Од САД има вкупно 112 угостителски објекти, 130 се од Јапонија, 125 до Кина, 116 од Франција и 65 се разгледувани од Шпанија.
Исто така, La Liste прогласи победник ресторан од сите земји на листата. Од државите во регионот најдобар ресторан во Словенија e Mak од Марибор, во Хрватска е Monte од Ровињ, а во Грција e Spondi од Атина.
Фото: Facebook