Прогласени најдобрите угостителски објекти и најдоброто кафуле за оваа година

23

foto

Град Скопје, традиционално во соработка со агенцијата Свот ДООЕЛ – Скопје избираат Најдобар угостителски објект меѓу најдобрите и најдобро кафуле во град Скопје, стои во официјалното соопштение.

Проектот Најдобар угостителски објект меѓу најдобрите се спроведува по десетти пат, а по вторпат се избираа и трите најдобри кафе барови на подрачјето на град Скопје.

Според оценките најдобрите три ресторани, три гостилници и три кафе барови во градот, избрани според исклучителноста на угостителските услуги, уникатниот амбиент и специфичната приказна којашто ја креираат, добија признанија за својот квалитет и престиж.

Годинава за  најдобри три ресторани се избрани: Оливе, Лајт џез клуб Македонска куќа. Најдобри три гостилници се: Сношти минав, Кафана и на третото место се пласираше Скара бар, а најдобри во категоријата кафе барови се: Рок Бар Круг, Мr. Jack и Speakeasy.

Кристијана Ивановска Доревска од агенцијата Свот ДООЕЛ – Скопје, што го спроведува истражувањето, рече дека годинава во текот на истражувањето коешто се спроведе во периодот од први до 30-ти септември, за кафе баровите и од први до 31-ви октомври за рестораните и гостилниците, биле опфатени 50 ресторани, 50 гостилници и 70 кафулиња на територијата на Скопје. Спроведени биле вкупно 300 посети на гостилниците и рестораните, а  во кафулињата имало 210 посети, секој угостителски објект бил посетен три пати.

Овие проекти што се реализирани од Секторот за локален економски развој на Град Скопје сè повеќе го будат интересот кај угостителите, но и кај јавноста. Целта е да се разбуди свеста и кај угостителите и кај граѓаните за важноста на квалитетот на услугата во оваа дејност, што ќе го придонесе  за подобрување на амбиентот  во сите  угостителските објекти  во Скопје.