Прогласени најмоќните пасоши за 2021 – на кое место е македонскиот?

104

Јапонија, Сингапур и Германија се трите земји кои имаат најдобри пасоши во светот, објави Henley Passport Index. Пандемијата на коронавирусот поради различните блокади го отежна патувањето, а извесно е дека ќе ги отежнува патувањата и во текот на наредните неколку години.

Државјаните на Јапонија може да патуваат во 191 земја без виза, додека на Сингапур може да влезат во 190 земји. Државјаните на Јужна Кореја и на Германија без виза може да влезат во 189 земји. На четвртото место со влез во 188 земји се Италија, Финска, Шпанија и Луксембург.

Данска и Австрија се на петтото место со влез без виза во 187 земји, додека шестото место со влез во 186 земји го делат Шведска, Франција, Португалија, Холандија и Ирска.

На седмото место со влез во 185 земји без виза се Швајцарија, САД, Обединетото Кралство, Норвешка, Белгија и Нов Зеланд.

На осмото место, со влез во 184 земји без виза се Грција, Малта, Чешка и Австралија.

На деветтото место е Канада, со влез во 183 земји без виза, додека на десеттата позиција е Унгарија, со влез во 182 земји.

Македонските државјани без виза може да патуваат во 124 земји, државата на листата се наоѓа на 45 место, заедно со Црна Гора.

Фото: Pexels