Прогласување на најдобрите пет бизнис плана за млади претприемачи

20

Во организација на Министерството за економија денеска се одржува третата манифестација за прогласување на најдобрите пет бизнис плана во рамки на Проектот – Организирање на бизнис натпревар Биди перспективен, започни свој бизнис, пишува Миа.

Манифестацијата има за цел поттикнување на претприемничкиот дух меѓу младите, преку подготовка на студентите и младите претприемачи за отпочнување на сопствен бизнис.

Пред присутните ќе се обрати министерот за економија Беким Незири, кој воедно и ќе ги додели ваучерите за најдобрите пет бизнис планови за 2015 година. На настанот ќе бидат и Велимир Стојковски, ректор  на Универзитетот Св.Кирил и Методиј – Скопје, Вулнет Амети, ректор на Државниот Универзитет во Тетово и Замир Дика, ректор на Универзитетот на Југоисточна Европа.