Производството на шумски производи намалено за 12,6%

29

Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупното производство на шумски производи во државните шуми во четврто тримесечје од 2013 година, во однос на четврто тримесечје од 2012 година, е намалено за 12,6 %.

Намалување на шумското производство е забележано кај трупци од иглолисни видови, рудничкото дрво од иглолисни видови, друго обло дрво од иглолисни и листопадни видови, огревното дрво од листопадни и иглолисни видови.

Зголемување на шумското производство е забележано кај трупците од листопадни видови, рудничкото дрво од листопадни видови, просторно дрво од иглолисни и кај други.