
ПроКредит Банка прослави 10 години од своето работење во Македонија, заедно со клиентите, соработниците и тимот на банката.
За 10 годишното постоење кредитното портфолио на Банката достигна близу 200 милиони евра, а депозитното 164 милиони евра. Банката опслужува 12.000 бизнис клиенти и 69.000 штедачи и е банка со најдинамичен развој во банкарскиот сектор.
Многубројните гости беа поздравени од Јованка Јолеска Поповска – генерален директор на ПроКредит Банка Македонија, Хелен Александер – претседател на Надзорен одбор и нејзината екселенција Гудрун Штајнакер Амбасадор на Р. Германија
“Десет годишното работење на Банката измина во промовирање на одговорно банкарство, унапредување на транспарентноста и инсистирање кон повисоки стандарди во банкарската услуга за единствена цел: поддршка и развој на многу малите, малите и средни бизниси и јакнење на довербата на граѓаните во банкарскиот сектор”, истакна Јованка Јолеска Поповска, генерален директор на ПроКредит Банка.
Идните планови на Банката се уште посилна поддршка кон македонските бизниси и стремеж кон подобро општество: преку поддршка на развојот на македонските бизниси и промовирање на културата на штедење во државата.