Прокредит банка доби зголемување на кредитниот рејтинг oд ББ+ на БББ-

25

pro kredit makedonija

Меѓународната рејтинг агенција Fitch Ratings во 2014 година, го зголеми долгорочниот кредитен рејтинг на ПроКредит Банка АД Скопје од ББ+ на БББ-.

Зголемувањето на оценката на долгорочниот рејтинг на Банка АД Скопје е резултат на зголемениот рејтинг на матичната компанија ПроКредит Холдинг со седиште во Франкфурт Германија, која е доминантниот сопственик на ПроКредит Банка АД Скопје. Поддршката од акционерите во значајна мерка има влијание преку заедничкото присуство на брендот, интеграцијата на банката во рамки на групацијата и навременото обезбедување на потребен капитал и висока ликвидност кои придонесуваат за позитивните резултати на банката во Македонија.

Од 2005 година, агенцијата Fitch Ratings редовно го оценува кредитниот рејтинг на Банката каде постојано се забележува пораст на оценките за различни параметри.