ПроКредит Банка ги намали каматните стапки на кредитните услуги

24

prokredit1 ПроКредит Банка ги намали каматните стапки на кредитните услуги за претпријатијата и овозможи прилагодување на истите според динамиката на самиот бизнис.

Новата кредитна понуда од ПроКредит Банка е наменета за целосна поддршка на работењето на малите и средни бизниси. Банката однапред му одобрува на бизнисот максимален износ на средства за повеќе намени (ликвидност, набавки, инвестиции) согласно финансискиот капацитет на бизнисот и со само една анализа. Секој бизнис одбира во кој период и која кредитна услуга ќе ја користи во рамки на една година. Нема трошоци за неискористениот дел од средствата.

Новата кредитна понуда од ПроКредит Банка ќе понуди неколкукратни придобивки: едноставност во работењето и помалку процедури, флексибилност во намена на средствата, конкурентност и брзина во плаќањата за искористување нови пазарни можности или подмирување на непредвидени трошоци.