
Од 21.4.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 80,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 82,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 94,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 97,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 46,288 (денари/килограм)
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за 1,50 ден/лит.
Владата на РСМ на седница одржана на 18.04.2026 година донесе Одлука за изменување на Одлука за определување на видот на енергентите, временскиот период, како и начинот на пресметка на акцизата, како и Одлука за изменување на Одлуката за определување на видот на добрата и временскиот период на примена на повластена даночна стапка (“Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 82/26), со кои се овозможува да се продолжи времетраењето на намалениот износ на акцизата за 4,00 ден/лит кај ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и намалениот износ на акцизите за 2,00 ден/лит кај бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, согласно членот 92, став 11 од Законот за акцизи. Исто така е продолжено и
времетраењето на Одлуката за намалениот износ на ДДВ за нафтените деривати ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 во износ од 10%, со исклучок кај дизелските фракции и мазутот.
Имајќи ги предвид влијанијата на погоре наведените елементи во формирањето на цените нанафтените деривати според Методологијата, малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се намалуваат во просек за 2,13%.
Согласно погоре наведеното малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните
цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 14.04.2026 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува
80,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 82,50 ден/лит, додека малопродажната цена на EУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 94,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се зголемува за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 14.04.2026 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 97,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 2,939 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 14.04.2026 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 46,288 ден/кг.












