ПроКредит Банка заедно со Германската Амбасада по 10 пат организираат Германски Филмски Фестивал

17

prokredit

ПроКредит Банка, како германска банка, уште една година по ред ја поддржува германската филмска култура преку организација на Германскиот Филмски фестивал.

Оваа година на 10 октомври, во Кино Милениум ќе биде свеченото фестивалско отворање со филмот Два животи (Zwei Leben). Почетокот на свеченото отворање е во 19.00 часот со краток коктел и поздрав од организаторите. Филмската проeкција започнува во 19.30 часот и е отворена за сите љубители на германскиот филм.

Фестивалот ќе патува уште во 9 града во Македонија: Куманово, Прилеп, Битола, Охрид, Велес, Тетово, Кавадарци, Штип и Струмица.

Изборот на филмови и распоредот на нивно прикажување може да го најдете тука.