ПроКредит Банките донираа 550.000 евра за поплавените региони на Србија и БиХ

18

prokredit

ПроКредит Банките во Бугарија, Косово, Македонија и Албанија, како и Банките во Босна и Херцеговина и Србија денеска отворија посебен фонд и донираа вкупно 550.000 евра за помош на засегнатите региони. Овие средства ќе бидат пренасочени преку иницијативата на шесте банки под име Соседи за соседи.

ПроКредит Банките во Босна и Херцеговина и Србија ќе ги дистрибуираат донираните средства за засегнатите региони во форма на хуманитарна помош: лекови и средства за хигиена, вода и храна, опрема за помош и други потребни нешта.

“Важно е помошта да стигне што е можно побрзо и да е во најпрактична форма. Затоа и започнавме неколку иницијативи. Финансиска помош за настраданите региони е само една од тие иницијативи”, вели Светлана Толмачева, претседател на Управниот одбор на ПроКредит Банка, Србија.

“Се надеваме дека потребната помош брзо ќе стигне до оние на кои им е најпотребна. Им благодариме на ПроКредит банките за разбирањето на потребите на луѓето кои претрпеа големи загуби. Приоритетно е да се фокусираме на недостатокот на лекови и медицински средства”, изјави Един Хрњица, член на Управен одбор на ПроКредит Банка Босна и Херцеговина.

“ПроКредит Банка Македонија е вклучена во оваа иницијатива Соседи за соседи не само како институција, туку и со вработените. Солидарност и реакција на време е најважна во овој момент”, изјави Јованка Јолеска Поповска, генерален директор на ПроКредит Банка, Македонија.