Пролетната сеидба во битолскиот дел на Пелагонија во полн ек

23

Есенската сеидба во битолскиот дел на Пелагонија е во одлична состојба, а пролетната сеидба во полн ек, информираат од подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Според раководителот Илија Србиновски временски услови се одлични за пролетно сеење, но и за чистење на есенските посеви од коров.
“Имаме идеални услови за пролетната сеидба која е во тек. Заврши сеидбата на луцерката која е застапена на 600 хектари, деновиве се сее сончогледово семе за што се планирани околу 3.000 хектари, а за десеттина денови ќе почне и сеидбата на градинарски култури. Пелагониските земјоделци оваа пролет ќе засеат различни земјоделски култури на површина од околу 15.000 хектари, а паралелно ги надгледуваат есенските посеви кои во овој период се чистат и штитат од коров”, посочи Србиновски.