Пролетно чистење на мозокот

33

lice-treva

Фото: Pixabay

Пролетта не е наменета само за средување на вашата гардероба, лошата концентрација, чувството на умор и генералното чистење на домот. Психолозите предлагаат и пролетно чистење на главата и средување на мислите, што е многу полесно во овој период од годината, бидејќи пролетта значи нов живот и нов почеток. Искусните бизнисмени ја користат пролетта за дополнително инспирирање на клиентите да ја завршат веќе започнатата работа и продалбочување на взаемните односи.

Како можете да го спроведете пролетното чистење на мислите и како да се ослободите од товарот во главата?

1. Направете листа на обврски

Седнете и запишете листата на обврски, работи и случувања, што го зафаќаат вашиот ментален простор. Запишете се, едно по едно. Листата треба да се состои од се што не сте го кажале во некој разговор, а сте мислеле, купување на свадбени подароци, букирање на летови, средби со пријателите и деловни состаноци, работа на нови проекти. Ќе забележите дека овој прв чекор значително ќе ги смири вашите мисли. Вистина е дека во првиот момент ќе се запрепастите од сето тоа што се наоѓа на листата, ама чувството сепак ќе биде добро. Исто како после целодневно чистење на домот.

2. Прецртајте од списокот сè што е непотребно

Откако ќе се вратите на списокот, прецртајте го сето она што не го сакате повеќе, што не ви е потребно и она што не сакате да го постигнете. Ќе се изненадите колку нешта можете да елиминирате, а за што постојано размислувате. Постојат податоци кои говорат дека на човек дневно му поминуваат 60.000 мисли, што дури 90% се повторуваат. Токму тие се мислите поради што не можете да заспиете, чувствувате умор и што го успоруваат вашиот ментален процесор.

3. Одрете им датум на обврските

Откако го исчистивте вашиот список, следен чекор што треба да го направите е да одредите датуми на обврските. Напишете датум за почеток и завршување на новиот проект, за купување на подароци, кога ќе одите да се видите со вашите пријатели. Докажано е дека запишувањето на овие датуми во календарот, мислите и обврските што ве мачеа нема повеќе да ве оптеретуваат. Исто како да се веќе завршени, а сепак не се. Со самото одедување на датумот, обврските половично се завршени.

Пробајте го овој трик. Неверојатно е колку ова чистење ќе ви помогне во собирање на нови мисли и идеи.