Промена на сопственичката структура во „Фабрика Карпош“: „Сервис Петрол“ стана мнозински сопственик

Компанијата „Фабрика Карпош“ АД Скопје доби нов доминантен сопственик. Според официјалното известување објавено преку Македонската берза, досегашниот акционер „ГИМ АД Скопје“ ги оттуѓи сите свои акции, со што целосно излезе од сопственичката структура на друштвото.

„Сервис Петрол“ ДОО Скопје се стекна со вкупно 224.000 обични акции, што претставува висок удел од 74,89 % од вкупниот број акции на „Фабрика Карпош“.

Акционерот ГИМ АД СКОПЈЕ ги оттуѓи акциите во вкупен број од 224.000 обични акции и не е повеќе акционер во Фабрика Карпош АД Скопје.

Сервис Петрол ДОО Скопје со стекна со 224.000 обични акции што претставува 74.89 % од вкупниот број на акции на друштвото, стои во објавата на берзата.